ПОЧЕТНА ПРВЕНСТВА Рубио стана рекордер на мечот со кој Шпанците ја потврдија класата

Рубио стана рекордер на мечот со кој Шпанците ја потврдија класата

сподели
FIBA

Реинкарнираниот плејмејкер на Црвената фурија се запиша во книгите на историјата како најдобар додавач на светските кошаркарски првенства, по победата на Шпанија против Полска со 90:78 и пласманот на оваа селекција во полуфиналето на 18-от мундијал.

FIBA

Рики Рубио имаше 19 поени и 9 асистенции, со што сега има 115 асистенции остварени на 22 натпревара, пред аргентинскиот ас Пабло Приџони со 106 додавања од 24 настапи на светските првенства.