По 7 часа лет и пауза за гориво, чартерот на македонската делегација слетал на аеродромот Череповец, па во Перм, на температура и атмосфера слична на онаа во Македонија.
Знаејќи какви се временските прилики во Русија, може само да претпоставиме какви ќе бидат ноќните температури. Според временските портали, вечер ќе биде -19 степени.
Играме четири меча во пет дена. Нема многу време за аклиматизација и адаптација, пред дуелите со Италија, Русија, повторно Италија и со Естонија, за пласман на ЕП 2022.
