ПОЧЕТНА ЕВРОПА Реал на искуство и со шут го освои Белград

Реал на искуство и со шут го освои Белград

сподели
euroleague.net

Веќе втор пораз на Црвена Звезда на домашен терен, оној истиот кој порано беше најголемиот адут на српскиот и АБА шампион. Долго време држеше резултатска неизвесност во дуелот со Реал, но на крајот доживеа и убедлив пораз со 60:75.

Одлучија седумте тројки на гостинскиот тим во последната четвртина во која Звезда влезе со предност од 52:49. Одеднаш „црвено-белите“ застанаа, за десет минути постигнаа само осум поени и поразот беше неизбежен.