МАКЕДОНИЈА

Разрешена мистеријата, за нападот во Куманово

Во билтенот проследен од страна на КФСМ, се разрешува случајот од мечот меѓу Куманово и Еруо Никел, на кој се случи инцидент непосредно пред завршувањето на дуелот од 16-то коло во нашата прволигашка конкуренција.

  • На 6 сек. пред крајот на натпреварот сменет мерачот на 24 сек.поради неспортски и некоректен однос кон гостинска екипа.
  • Досудена Т.Г. на играчот на КК Еуро Никел 2005 Петровски Ј. (483) поради неспортски однос кон записничка маса.
  • Останатото без забелешки од страна на обете екипи и службени лица.

Санкциите на натпреварот, во кој Куманово водеше, но на крајот загуби со 78:79, се следните:

  • Играчот на КК Еуро Никел 2005 Петровски Ј. за досудена Т.Г. по член 56.1 се казнува со парична казна во износ од 3.200,00 денари.
  • Мерачот на 24 сек. Додевски В. за некоректен однос кон гостинска екипа по член 60.1 се казнува со забрана на вршење на должност на четири (4) натпревари.

Неофицијално, дознаваме дека Јане Петровски упатил „стандардна реплика“ за македонски услови, во намера да и укаже на записничката маса поревносно да си ја врши работата. Ова било сфатено како лична провокација, по што мерачот на 24 секунди се упатил кон гостинските играчи да се пресмета со истите.

Двете страни се сакнционирани соодветно на нивното однесување, од страна на канцеларијата на КФСМ.

  

Првиот македонски кошаркарски медиум ви ги пренесува последните новости и достигнувања од кошарката.

Авторски, преземено со дозвола, непристрасно, објективно, проверено и навремено - е нашето мото.

Секое и минимално копирање или преземање на наша содржина, подлежи на законските регулативи и прописи.

Copyright © 2021 basketball.mk - Ние постоиме за вас!

To Top