Дамјан Гацов, од следната сезона ќе настапува преку Океанот. Новата дестинација за 18-годишниот талент, е Layton Christian Academy од Солт Лејк Сити, Јута.
Освен кошарка, Дамјан во оваа Академија ќе го продолжи и своето образование. Гацов почна со кошарка во КК Јуниор, а во 2015 година мина во редовите на црвено-црните.
Во 2018 година се запиша на ДСУ „Спортска академија“, во паралелката за кошарка, со што ја потврди својата професионална определба.
Во сезоната 2019/20 играше за МЗТ Скопје Аеродром. Последната натпреварувачка сезона повторно беше дел од Вардар, во генерацијата М18.
НАПОМЕНА: Фотографиите се од личната колекција на кошаркарот, испратени до нашата редакција.
