Тренерот на МЗТ Скопје Аеродром, кој на половина сезона го презеде тимот од Ѓорѓи Кочов, беше видно и заслужено возбуден по завршувањето на финалната серија во која МЗТ Скопје славеше со 3:0 против Еуро Никел од Кавадарци.
„Секоја чест на овие момци. Низ целата финална серија се направи фама дека ние имаме подолга клупа, а реалноста е што двете екипи играа со иста ротација со осум играчи. Ние настапувавме со тројца странци, без Карачиќ и Тарнер, имавме најмногу средби одиграно за најкраток период и пак на крај победивме. Овие играчи се шампиони, го оставија срцето на терен, дадоа сѐ од себе и испочитуваа сѐ што се договоривме и апсолутно заслужено сме шампиони. Тоа што јас нешто успеав да имплементира е во ред, исто како што имаа свој импакт врз играта и резултатите од претходните луѓе во стручниот штаб. Кошаркарите беа максимално професионални. За мене е ова како во сон.“
