Тренерот на МЗТ Скопје не го крие задоволството од победата на македонскиот шампион во воведниот дуел од новата сезона во АБА 2 лигата, но знае дека има уште многу простор за напредок во формата на неговиот тим.
„Мило ми е што со победа ја отвораме сезоната особено поради тоа што совладавме тим како Младост кој сигурно ќе биде еден од фаворитите за пласман во елитата. Очекував ваков тежок, динамичен меч и мислам дека добро се покажавме бидејќи водевме речиси во сите 40 минути.

ФОТО: ABA Liga / Dragana Stjepanovic
Се разбира дека покажавме слабости, ама нив ќе ги елиминираме со текот на времето како што екипата ќе се уигрува. Морам да бидам задоволен бидејќи постигнавме многу поени од контранапади, имаме квалитетен скок и го остваривме она кое се договаравме.“
Во вториот меч во балонот на Златибор, МЗТ Скопје Аеродром се соочува со Рогашка (14.10.2021 – 21:00 часот).
