Тренерот на МЗТ Скопје Аеродром беше реален по поразот од Спарс, на стартот на балонот на Златибор, во рамките на АБА 2 лигата, со резултат 76:68.
Евидентно беше дека на аеродромци им недостасуваа тројцата клучни играчи, особено во последните минути кога подолго време не можеа да постигнат кош.
„Се боревме до крајот против една од најквалитетните екипи во АБА 2 лигата, настапивме ослабени без тројца првотимци и го плативме данокот.
Многу рано влеговме во проблеми со фаули, желбат кај моите играчи беше видлива, но кратката ротација одлучи.“ – изјави Дарко Радуловиќ.
Андреј Магдевски не настапи поради болест, а Феми Олуџоби и Хасани Гравет имаат повреди. За Овуџоби се стравува дека е сериозно, можеби има скинат лигамент.
