ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Работнички со шест играчи пресилен за Еуроникел

Работнички со шест играчи пресилен за Еуроникел

сподели
Минатата сезона струмичанецот беше како помошник на Докузовски

Најтрофејниот македонски клуб ја оствари втората победа во вториот подготвителен натпревар пред новата сезона.

По Пелистер во Битола, беше поуспешен и од Еуроникел (поранешен Фени Индустри) кого во Кавадарци го совлада со 96:105.

Победата добива на значење бидејќи е остварена со само шестмина стандардни кошаркари: Лесколт, Главчев, Атанасов, Ефремовски, Младеновиќ и Глигоријевиќ. Помладите играчи добија мала минутажа, а не играа новите засилувања Бенџамин и Кокли, како и Кире Николовски кој се очекува да се врати во ноември.

Убедливо најдобар на теренот беше новиот плејмејкер на Работнички, Хејден Лесколт кој потврдува дека ќе биде еден од главните играчи во екипата претстојната сезона.

На 23 септември вицешампионот ќе го одигра првиот меч на домашен терен, против екипата на Пелистер.