МАКЕДОНИЈА

Работнички одамна не му е дораснат на МЗТ

фото: МЗТ Скопје Аеродром (Facebook)

Во последното дерби, најголемиот и најочекуваниот меч во нашата Прва лига, домаќинот славеше со 87:66. За едно полувреме, МЗТ Скопје постигна 52 поенa, а дозволи 28.

Најдобар кај победникот беше Крстевски со 18 поени, пред Робев кој постигна 16, Милошевиќ финишира со 14 поени.

Кај Работнички се истакнаа Џексон Пол со 14, Мустафица со 11 поени и 14 скока, односно Љубиша Димитровски со 10 поени.

За МЗТ Скопје ова беше петта победа во низа на домашната сцена, а Работнички го доживеа вториот пораз.

Првиот македонски кошаркарски медиум ви ги пренесува последните новости и достигнувања од кошарката.

Авторски, преземено со дозвола, непристрасно, објективно, проверено и навремено - е нашето мото.

Секое и минимално копирање или преземање на наша содржина, подлежи на законските регулативи и прописи.

Copyright © 2021 basketball.mk - Ние постоиме за вас!

To Top