Центарци се обидуваат да ја кренат формата по резултатски слабите настапи во АБА 2 лигата, што беше евидентно на гостувањето на Кале. Домаќинот беше прегазен со 67:92.
Мулалиќ со 17 поени, ја предводеше двоцифрената петорка кај победникот, во заостанатиот дуел од 5-то коло. На спротивната страна, Виктор Ташовски реализира 19 поени.
