ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Работнички може(ше) многу подобро…

Работнички може(ше) многу подобро…

сподели

basketball.mk во Крајова

Најтрофејниот македонски кошаркарски колектив ги загуби двата натпревара на турнирот во Крајова.

Во вториот меч е поразен од Динамо Букурешт со 75:87 иако имаше услови да триумфира. Изданието беше многу подобро отколку она со Крајова во полуфиналето, но очигледно недоволно за победа во овој момент.

Одлучи лошата прва четвртина во која Работнички изгледаше многу лошо. По пет минути игра беше 4:22, нешто подоцна Динамо ги достигна највисоките +21 (9:30), а на крајот од првиот период беше 14:33.

Втората четвртина почна многу подобро за македонскиот вицешампион. Заедно со последните поени од првите 10 минути, кошаркарите на Димитар Мираковски направија серија од 13:0 и се доближија на -8 (25:33). До полувремето негативата падна на пет поени (43:48).

Притисокот на Работнички продолжи во третата четвртина, Лесколт диригираше, Атанасов играше одлично и нашиот тим беше се поблиску до израмнување на резултатот.

Недостасуваше последниот чекор, Динамо го искористи тоа за да ги збие своите редови и во последните десет минути ја врати двоцифрената предност со која заврши натпреварот иако се чини дека таа е превисока во однос на силите на двете екипи.

Повторно Лесколт беше најефикасен, сега со 25 поени, но блиску до себе го имаше Атанасов кој постигна 24.