Нашата најтрофејна екипа ја забележа осмата првенствена победа сезонава, со 68:66 против ФМП Академија. Гостите имаа прилика за изедначување во последниот напад, но Роналд Херис на три секунди до крајот не успеа да ја положи топката во обрачот.
Претходно, Мулалиќ промаши две слободни на девет секунди до крајот (68:66), а Ефремовски погоди едно од двете на 16 секунди до крајот (68:64). Составот од Кисела Вода не успеа да го искористи тој момент и го забележа 11-тиот пораз во 21 натпревар.
