ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Работнички и МЗТ (засега) во АБА 2!

Работнички и МЗТ (засега) во АБА 2!

сподели
фото: Александар Ристовски

Собранието на АБА лигата не донесе позитивни вести за седумкратниот македонски шампион.

Објавени се имињата на екипите кои ќе учествуваат во двете дивизии и засега најтрофејните клубови од нашата земја се сместени во втората лига. Сепак, ова уште не е дефинитивно, се чека конечната разврска со Приморска која, наводно, дала гаранции дека ќе ги собере потребните финансиски средства за претстојната сезона и дека ќе добие лиценца за настап во домашното првенство, а со тоа и во АБА лигата.

Освен Работнички и МЗТ Скопје, во моментов сигурни членови на АБА 2 се: Горица, Домжале, Ловќен, Слобода Ужице, Спарс, Сутјеска, Широки и Златибор, плус Младост Земун, Студентски центар, Слобода Тузла и Подгорица кои се примени со специјални покани. Втората лига, како и првата, ќе брои 14 екипи што значи дека Работнички и МЗТ Скопје ќе имаат исклучително напорна сезона. Заклучено е овој број да остане најмалку до сезоната 2024/25.

Натпреварувањето почнува на 23 септември, лигашкиот дел ќе се игра до 7 април 2021 година, а почетокот на плеј-офот е закажан за една недела подоцна.11