ПОЧЕТНА ЕВРОПА Прва кошаркарска велесила што не прогласи шампион!

Прва кошаркарска велесила што не прогласи шампион!

сподели

Кошаркарската лига во Италија е завршена без да се прогласи шампион, потврди денеска Федерацијата на оваа земја.

Слично како во предлогот на КФСМ кој е испратен до членовите на Управниот одбор, нема да има испаѓање од Лега А, но ни промоција од втората дивизија. Поради пандемијата со корона вирусот, првенството на Италија беше суспендирано минатиот месец.

И во Италија сите екипи немаа одиграно ист број натпревари, но Виртус имаше две победи повеќе со натпревар помалку од второпласираниот Сасари. Клубот од Болоња и порано објави дека нема да прави проблем ако не биде прогласен за шампион.

Италија е прва европска кошаркарска велесила која го прекина своето првенство и не прогласи шампион. Претходно истото го направи и ВТБ лигата, но тоа е регионално натпреварување иако по квалитет е меѓу најсилните на континентот.

Уште е неизвесно дали и како италијанските претставници во УЛЕБ: Милано (Евролига), Виртус и Венеција (Еврокуп) ќе ги доиграат овие натпреварувања.