Загубениот меч на Каталонците во Тел Авив и победата на аутсајдерот против еден од големите фаворити, го одбележаа 7-то коло во елитната европска лига, по кое нема веќе непоразени тимови во Евролига.
Олимпија Милано го презеде врвот од Барселона, со победата против Црвена звезда. Четири екипи имаат по 5 победи и 2 пораза, екипата од кнежевството покажа дека фаворитите се само на хартија.
Кога Панатинаикос ќе биде на 16-та, шампионот Анадолу на 14-та, Фенербахче на 13-та и ЦСКА на 9-та позиција, треба да се побара виновникот кој се осмелил да ја преврти табелата наопаку.
Резултати:
Макаби - Барселона 85:68
Монако - ЦСКА Москва 97:80
Олимпија М. - Црвена звезда 79:62
Панатинаикос - АСВЕЛ 70:84
Анадолу Ефес - Жалгирис 94:60
Олимпјакос - Фенербахче 67:65
Зенит - Басконија 83:54
УНИКС - Реал М. 65:58
Алба - Баерн М. 69:82
Табела:
Олимпија М. 6/1
Барселона 6/1
Олимпијакос 5/2…
