Добар почеток и мирен финиш, беше рецептот за првата победа на ТФТ во БИБЛ лигата сезонава, извојувана против Приштина со 81:77 (23:16, 15:22, 19:15, 24:24).
Хортон постигна 20 поени за победникот, Тошовски имаше 16, Николов регистрира 12 поени, а со по десет поени мечот го завршија Костовски и Маслинко.
Следниот меч за ТФТ е на 27-ми против бугарскиот Академик, Академија ФМП игра на 26-ти против Галил Елијон и Куманово против израелците на 28-ми.
