ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Преку Чешка и Словачка, во Градски парк

Преку Чешка и Словачка, во Градски парк

сподели

Најтрофејниот македонски клуб го донесе третото странско засилување во пресрет на новата сезона.

Добро познато лице во македонската кошарка, Двејн Бенџамин по една сезона се враќа во земјава, откако лани си замина од Блокотехна и по неколку месеци играше во чешкиот Пардубице и во словачкиот Левицки Патриоти, со кој го освои Купот на оваа земја.

Американецот остави длабока трага во единствената сезона во Македонија. Во дресот на Блокотехна, просечно постигнуваше по 15 поени и 2.4 асистенции по натпревар, а беше прогласен за МВП во БИБЛ лигата.

Бенџамин во Работнички ќе има добро познато друштво, бидејќи член на тимот од Градски парк од ова лето е неговиот поранешен соиграч од Блокотехна, Горан Главчев.

Во Градски парк, во преодниот рок дојде уште еден кошаркар на поранешниот клуб од Гевгелија, Стеван Глигоријевиќ, Американците Крис Кокли и Хејден Лесколт и Србинот со македонски пасош, Теодор Атанасов.