ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Познат списокот на учесници во АБА 2, нема македонски екипи!?

Познат списокот на учесници во АБА 2, нема македонски екипи!?

сподели

Работнички ја одбил и третата понуда, конечно, да заигра во некое од двете регионалните натпреварувања под водство на АБА, тврдат неколку српски медиуми.

Некои од нив веќе објавија неофицијален список на учесници за новата сезона во АБА 2 лигата, а на него нема ниедна македонска екипа. Она што е интересно е дека дури осум тима се од Србија и Црна Гора: Младост Земун, Нови Пазар, Слобода, Златибор (Србија), Подгорица, Студентски центар, Ловќен и Сутјеска (Црна Гора). Останатите две се од Словенија (Домжале), Горица (Хрватска) и БиХ (Спарс и Широки).

Ова значи дека МЗТ Скопје веќе сите го сметаат за член, односно повратник во елитната дивизија на АБА откако Приморска во првиот обид не доби лиценца за настап во домашното првенство во новата сезона.

Освен Работнички, специјални покани за учество во АБА 2 добиле уште Осијек од Хрватска и Рогашка од Словенија, но тие не покажале интерес за учество. Интересно е тоа што Гостивар уште не се откажал од својата намера да игра во АБА 2 иако е нејасно како ќе ја оствари својата намера. Во клубот чекаат официјална потврда од Оштината за санација на салата Младост, па дури потоа да го направи следниот чекор.

Неофицијално, за тоа има уште 10 дена, кога и АБА треба да го објави списокот на учесници во двете натпреварувања за идната сезона.