ПОЧЕТНА ЕВРОПА (ВИДЕО) Постои ли лимит за Милош Теодосиќ?

(ВИДЕО) Постои ли лимит за Милош Теодосиќ?

сподели

Српскиот плејмејкер очигледно ќе го одбележи и петтото коло од новата сезона во италијанското првенство.

Не само затоа што Виртус остана со максимален ефект откако го совлада Варезе со 87:80, туку затоа што Милош Теодосиќ блесна со уште една неверојатна асистенција. Веројатно сите мислеа дека нема излезе, дека ќе мора да ја смири акцијата или само да подаде до негов соиграч, но играчот на тимот од Болоња ги восхити сите со својот потег.

И тоа не беше се. На 15 секунди пред крајот Теодосиќ стави точка на натпреварот со тројка откако претходно „му го сврте паметот“ на еден противнички кошаркар.