Македонскиот претставник загуби и во Бугарија од Монтана, со 81:63, што е втор пораз од овој противник. Во првиот меѓусебен меч, баделки беа многу блиску до изненадување, но загубија со 74:77 во првото коло од WABA лигата.
Четири кошаркарки на Бадел 1862 беа двоцифрени - Кметовска со 17, Трајчевска со 14, Стојановска со 11 и Метју со 10 поени. Следниот дуел на Бадел е повторно гостување, на 21-ви ноември, кај Цинкарна во Цеље.
Македонките имаат 2/4 на 4-та позиција во групата, додега Бугарките имаат 6/1 на првата позиција во ова друштво.
