ПОЧЕТНА ПРВЕНСТВА ПОПОВИЧ: Ова е најдобриот тим на Франција, што сум го видел

ПОПОВИЧ: Ова е најдобриот тим на Франција, што сум го видел

сподели
FIBA

Американскиот селектор призна дека селекцијата на триколорите одиграла маестрално и тоа е причината за поразот на ѕвездениот состав на САД, во четвртфиналето на 18-то СП. Грег Попович има 70 години, видел се и сешто од кошарката и треба да му се верува.

„Не се работи за тоа со каков состав сме дошле ние на овој мундијал, туку како одигра противникот. Колегата Вaнсан Коле составил одлична репрезентација, која игра на двата краја на теренот, а не само во офанзивниот дел.

FIBA

Не се ова само еден или двајца играчи, сите играат добро индивидуално, целиот тим е физички одлично подготвен и игра одлично во одбраната. Оваа екипа има длабочина, одлично е укомпонирана, играше прекрасно против нас.“