ПОЧЕТНА ПРВЕНСТВА Попович на Ѓорѓевиќ: Ние сме куп еб*ни лузери!

Попович на Ѓорѓевиќ: Ние сме куп еб*ни лузери!

сподели
FIBA

Американскиот селектор го доживеа можеби најголемиот неуспех во својата богата кариера во која има пет НБА титули и уште низа идивидуални рекорди во најсилната светска лига.

Веројатно затоа по натпреварот против Србија бил разочаран при разговорот со својот колега Александар Ѓорѓевиќ.

„Ние сме куп еб*ни лузери“, наводно, му рекол Грег Попович на предводникот на српската репрезентација, како што објави коментаторот на РТС, Слободан Шаренац на својот Твитер профил.

Веројатно оваа констатација се однесува на двете репрезентација бидејќи овој натпревар беше проектиран како финале на Светското првенство, а САД и Србија играа за пласман од петтата до осмата позиција.