ПОЧЕТНА СВЕТ Појавата на Дончиќ е феномен што ќе се прераскажува!

Појавата на Дончиќ е феномен што ќе се прераскажува!

сподели
nba.com

Иако нема резултати во смисла на титули во НБА лигата, сепак печатот што словенечкото чудо го остава зад себе, е нешто пред кое остануваат со подзината уста и неговите колеги.

Андрес Носиони, за basquetplus.com, изјави:

Тоа што го постигна Лука, за толку кратко време, не е нормално. Тоа ќе остане во меморијата на сите затоа што за 5 години, тој се искачи од терените во Евролига, до височините во НБА. Беше МВП на Евролигата и на завршниот турнир, освои титула, а сега царува преку Океанот.

На 21-на година, тој е зрел и доминира и таму, можеби не со титули, но со бројки сигурно. Најважно од се, е тоа што тој успеа да го исполни ветувањето и да го претвори во реалност. Лука Дончиќ е најексплозивната и најневообичаената приказна, во историјата на ФИБА кошарката.