МАКЕДОНИЈА

Победничка одисеја на аеродромци

ФОО: КК МЗТ Скопје Аеродром (Facebook)

Актуелниот шампион продолжува во победнички ритам, кој трае скоро една деценија и кој завршува со пехарите во сините витрини. Пелистер не беше дораснат на предизвикот, загуби со 89:78 во вториот меч и во најуспешната клупска сезона, со 0:2 застана во полуфиналето.

Бобан Стајиќ имаше 30 поени за поразените, Олуџоби имаше 20 поени за победникот. Металците ќе се соочат со Еуро Никел, во финале кое никој не можеше да го предвиди, пред почетокот на најизедначената сезона во поновата историја на македонската кошарка.

  

Првиот македонски кошаркарски медиум ви ги пренесува последните новости и достигнувања од кошарката.

Авторски, преземено со дозвола, непристрасно, објективно, проверено и навремено - е нашето мото.

Секое и минимално копирање или преземање на наша содржина, подлежи на законските регулативи и прописи.

Copyright © 2021 basketball.mk - Ние постоиме за вас!

To Top