ПОЧЕТНА Евролига Петто големо засилување во НБА Барселона

Петто големо засилување во НБА Барселона

сподели

Тешката повреда на Томас Ертел го принуди Светислав Пешиќ да бара алтернатива за плејмејкерската позиција, а ја најде на две недели пред почетокот на новата клупска сезона.

Барселона се засили со американскиот плејмејкер Малколм Дилејни кој соработуваше со Пешиќ во Баерн Минхен и искусниот стручњак одлично ги познава неговите квалитети. Последната сезона ја помина во кинеското првенство, во тимот на Гвандонг Тајгерс од каде доаѓа во Каталонија.

Тој е петто големо засилување за Барселона ова лето, а сите петмина во својата кариера играле во НБА лигата. Никола Миротиќ дојде директно од Милвоки Бакс, Алекс Абринес од Оклахома Сити Тандер, Брендон Дејвис во дел од кариерата играше за Филаделфија 76 и Бруклин Нетс, Кори Хигинс во Шарлот Хорнетс, а Дилејни во Атланта Хоукс.