МАКЕДОНИЈА

ПЕТРОВИЌ: Добивме крилја по победата против МЗТ!

Фотографиите се сопственост на basketball.mk и не смеe да се користат без дозвола на медиумот (фото: Александар Ристовски).

Триумфот во Гевгелија против Кожув (77:84) беше продолжување на одличниот моментум, што го има екипата од Кисела Вода, која се стреми кон пласман во Суперлигата, што е основната цел оваа сезона.

За последниот успех на дебитантот, кој доаѓа веднаш по фамозниот пресврт против шампионот од негатива -17, зборувавме со тренерот Александар Петровиќ.

„Добро се подготвивме за овој дуел, многу важен за нас во борбата за пласман меѓу најдобрите шест екипи, на крајот на регуларниот дел од сезоната. Одигравме, како што јас сакам да кажам, машки на гостински терен.

Честитки до моите играчи за пружената енергија, но честитки и за домаќинот кој одлично се постави во улогите организатор на натпреварот и конкурент на истиот. Во одреден момент играчите на Кожув се вратија во игра, но ние издржавме.

Пресуди добрата одбрана на противничкиот пик-енд-рол, бевме прецизни кога требаше, имавме добра транзиција во контрите. Но, го оставаме овој меч зад нас, затоа што за нас е најбитен секој следен натпревар. Сега, мислиме на Вардар.“

Академија ФМП има 9 победи и 8 порази, по 17 одиграни натпревари во премиерната прволигашка сезона. Скопскиот тим се наоѓа на високата четврта позицитја на табелата, зад Пелистер, ТФТ и Еуро Никел.

Првиот македонски кошаркарски медиум ви ги пренесува последните новости и достигнувања од кошарката.

Авторски, преземено со дозвола, непристрасно, објективно, проверено и навремено - е нашето мото.

Секое и минимално копирање или преземање на наша содржина, подлежи на законските регулативи и прописи.

Copyright © 2021 basketball.mk - Ние постоиме за вас!

To Top