Тешко е да се игра против расположена екипа, која патем игра и солидна одбрана. Битолчани славеа против ФМП Академија со 100:72, а дури 5 играчи на домаќинот беа во Топ 6 стрелците на мечот.
Трајковски предводеше со 20 поени, а го следеа Кесар со 17, Вилијамс со 16, Малешевиќ со 14 и Стајиќ со 11 поени. Двоцифрени кај поразените гости, беа Крстајиќ со 17 постигнати поени и Харис со 10 поени.
