ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА (ВИДЕО) Перо Антиќ на четвртото место во историјата на НБА лигата

(ВИДЕО) Перо Антиќ на четвртото место во историјата на НБА лигата

сподели

Единствениот македонски кошаркар во најсилното светско клупско натпреварување е еден од шестмина кои своето деби го забележаа во четвртата деценија од животот, потсети кошаркарскиот портал Basketball network.

Во негово друштво се уште: Пабло Прихиони како највозрасен (35 години и 169 дена), Марселињо Уертас (32 години, 156 дена), Андре Инграм (32 години, 142 дена), Антоан Ригодо (31 година, 33 дена) и Арвидас Сабонис (30 години, 319 дена). Перо Антиќ е на четвртото место бидејќи првиот меч во НБА, во дресот на Атланта, го одигра на 31 година и 93 дена.

Актуелниот претседател на КФСМ беше член на Хоукс две сезони, во тој период одигра 113 натпревари од основниот дел на сезоната и 22 од плеј-офот.