Битолчани заработија три технички грешки, во мечот против Академија ФМП во кој фаворизираната екипа на Пелистер славеше со убедливи 100:72.
- Екипата на КК Пелистер за досудена Т.Г. на клупа (4) по член 56.2 се казнува со парична казна во износ од 12.800,00 денари.
- Тренерот на КК Пелистер Илиевски М. за досудена Т.Г. (2) по член 56.2 се казнува со парична казна во износ од 6.400,00 денари.
- Играчот на КК Пелистер Калахан Џ. за досудена Т.Г. (2) по член 56.1 се казнува со парична казна во износ од 6.400,00 денари.
Санкција заработи и еден од гостинските кошаркари:
- Играчот на КК Академија ФМП Стојановски Л. за досудена Т.Г. по член 56.1 се казнува со парична казна во износ од 3.200,00 денари.
Останатите екипи кои беа казнети се КК Кожув со 3.200 денари поради ТГ на клупа и тренерот на КК Црн Дрим, П. Чочороски со 9.600 денари поради ТГ (трета сезонава).
