Битолчани влегоа во дуелот како големи фаворити и освен почетните минути кога Илиевски комбинираше со составот, имаа контрола над натпреварот.
Иако беа без повредениот Бојан Трајковски кој се пожали на болки по дуелот со Куманово, успеаа да победат со голема разлика, 117:68 (25:19, 28:17, 28:21, 33:11).
Најдобар стрелец беше Малешевиќ со 27 поени, 6 асистенции и индекс 20, додека кај гостите, Стаменковиќ имаше 26 поени, 8 скока и индекс на корисност 31.
