Битолчани славеа против ФМП Академија со 100:72, како најава за дербито против гостиварската екипа, во следната рунда. Во првиот и во последниот период, домаќините беа најубедливи (39:19, 21:22, 20:17, 23:14).
Бојан Трајковски беше прв стрелец со 20 поени, додека Кесар имаше 17, во редовите на победничката екипа. Кај поразените гости од Скопје, се истакна Крстајиќ кој постигна 17 поени, а втор стрелец беше Харис со 10 поени.
