Битолската екипа доминантно славеше против конкурентот од Гевгелија, со 96:67 и останува непоразена по 4 одиграни натпревари во домашното првенство. Прв стрелец во редовите на домашните беше Младеновски, кој постигна 17 поени.
Кесар и Трајковски имаа по 16 поени, првиот со 10, а вториот со 9 скока. Кај гостите, Кирил Николовски имаше 22 поена и беше најдобар стрелец на мечот, а Вилијамс, поранешниот играч на Пелистер постигна 21 поен.
