Екипата што е изградена за високи дострели во македонската кошарка, покажува квалитет уште во првиот меч од новата сезона и тоа против најголемиот противник, владетелот МЗТ Скопје Аеродром. Битолчани победија со резултат 82:79.
Во првото полувреме битката главно беше изедначена, во третиот период исто така, но во последниот домашните се разгоропадија и го зададоа конечниот удар. Стајиќ постигна 23 поени за победникот, а Милошевиќ имаше 17 за гостите.
НАПОМЕНА: Насловната фотографија е искористена со дозвола на КК Пелистер АД Битола.
