ПОЧЕТНА СВЕТ Патиките на Џордан продадени за сума од која боли глава

Патиките на Џордан продадени за сума од која боли глава

сподели

Престижната аукција куќа Сотби ја заврши лицитацијата за патиките кои Мајкл Џордан ги носеше во својата дебитантска сезона во НБА лигата.

Досега тие беа во сопственост на колекционерот на чевли Џорди Гелер, а се продадени за сума од 560 илјади долари што е рекорд кога станува збор за патики. Победникот на наддавањето уште не е познат.

„Одлучив да ги продадам сега поради големиот успех и фамата што ја предизвика документарниот филм ‘Последниот танц’. Сметав дека е вистинско време и така излезе“, изјави Гелер кој ги купил патиките во 2012 година, а на нив има и автограм од Џордан.

Претходниот рекорд за едни спортски обувки изнесуваше 437.500 долари, исто така беа продадени од Гелер, минатата година. За патиките на Џордан, проценката била дека ќе достигнат цена од околу 150 илјади долари, но крајниот епилог бил изненадување за сите.