ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА ПАОК е друга категорија, но АВ Охрид имаше одличен тест

ПАОК е друга категорија, но АВ Охрид имаше одличен тест

сподели
фото: АВ Охрид

Македонскиот прволигаш со пораз го почна турнирот во Самоков, во организација на Рилски спортист.

Имаше најтешка задача, грчкиот гигант ПАОК победи со 86:72, но АВ Охрид барем имаше можност да види каде е во моментов. Се разбира дека тимот од Солун го диктираше темпото, водеше со 27:15 по првата четвртина, 48:31 на полувреме и 76:48 по 30 минути игра.

АВ Охрид доцна се разигра, во последната четвртина имаше 24:10 и се избори за пристоен пораз во оваа фаза од подготовките.

Данило Мијатовиќ и Игор Мијаиловиќ беа единствен со двоцифрен ефект, првиот постигна 18, а вториот 17 поени. Во борбата за третото место АВ Охрид ќе игра со бугарскиот тим Черноморец, натпреварот се игра в недела од 14:30 часот.