ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Падна договор: Јованчев е нов тренер на Вардар!

Падна договор: Јованчев е нов тренер на Вардар!

сподели

Раководството на „црвено-црните“ брзо реагираше по заминувањето на Дарко Радуловиќ кој кариерата ќе ја продолжи во МЗТ Скопје.

Неговото место во Вардар ќе го пополни Александар Јованчев, еден од најперспективните тренери во земјава и творец на најголемиот успех на младинската репрезентативна кошарка во поновата историја на Македонија. Во 2018 година, под негово водство, М-16 селекцијата го освои бронзениот медал на Европското првенство Б-дивизија во Сарајево и избори пласман во континенталната кадетска елита.

Една деценија работеше во младинските категории во Вардар, а последните 2,5 години му беше и помошник на Дарко Радуловиќ во првиот тим. Логично беше тој да е прв избор за негов наследник со оглед на тоа што најголем дел од актуелните првотимци поминале низ негови раце. Асистент на Јованчев ќе биде Александар Ашаданов.

Со 33 години Јованчев ќе биде најмлад тренер во прволигашката конкуренција оваа сезона. Најблиску до него Ѓорѓи Кочов и Владимир Мирковски, тренери кои, исто така, дел од своите кариери поминале во тимот на Вардар.