Првиот човек и креаторот на клубот од скопската населба од насловот, не ја штеди силата во остварување на она што го замислил, а тоа е солидна и квалитетна прволигашка екипа, која може да игра против секого и секаде.
По триумфот против Работнички (73:77), емоциите проработеа:
„Разговарав со играчите деновиве, во пресрет на овој натпревар, за името и традицијата што со себе ги носи екипата на Работнички.
Противник за респект, меѓутоа во подготовката повикав, освен противникот, да се респектираме и самите себеси, да ја респектираме кошарката, да ги респектираме вложениот труд, работата и резултатите што ги постигнавме досега.
Добро бевме психолошки подготвени и влеговме во натпреварот да се надигруваме, без резултатски императив, агресивно и дисциплинарано. На крајот, мислам дека и заслужено се радуваме“.
