ЕВРОПА

Орадеа е хитот на Фајнал Фор турнирот во Еврокупот на ФИБА

фото: FIBA

Романскиот претставник го елиминира италијанскиот Палаканестро Реџо Емилиа во 1/4 финалното соочување, за место на завршниот турнир, чија локација на одржување ќе биде дополнително утврдена, од страна на европската канцеларија на Светската куќа на кошарката.

Во 1/2 финалето, Орадеа ќе игра против полскиот претставник Стал, а руската Парма ќе се соочи со Ирони од Израел, на 23-ти април. Мечот за третата позиција и финалето на годинешното издание на завршниот турнир на ФИБА Еврокуп, се закажани за 25-ти април.

Резултати 1/4 финале:

Реџо Емилиа - Орадеа 64:71
Монс - Стал 66:73
Балкан - Парма 62:84
Ираклис - Ирони 80:105

Првиот македонски кошаркарски медиум ви ги пренесува последните новости и достигнувања од кошарката.

Авторски, преземено со дозвола, непристрасно, објективно, проверено и навремено - е нашето мото.

Секое и минимално копирање или преземање на наша содржина, подлежи на законските регулативи и прописи.

Copyright © 2021 basketball.mk - Ние постоиме за вас!

To Top