Екипата на летонска Рига славеше на Мастерсот во Мексико Сити со 21:15 против порториканскиот тим Сан Хуан и се закити со втората последователна титула во актуелната 3х3 сезона под капата на FIBA.

ФОТО: FIBA (Џеда, Саудиска Арабија)
Четворицата освојувачи на златниот медал од Токио го освоија 8-от пехар на мастерсите, а уште пред овој турнир се пласираа на мастерс финалниот во Џеда, Саудиска Арабија каде ќе ја бранат титулата.
