Репрезентативката на Македонија, Нена Трајчевска се врати во клубот каде помина седум сезони и каде ја создаде основата за нејзината богата интернационална кариера. Бадел ја дочека со раширени раце и срце, својата миленичка.
По српски Бор, германската втора и прва лига, Содертаље во Шведска, турски Самсун во една од најсилните европски лиги, искусната Трајчевска и се приклучува на Александра Стојаноска која исто кака се врати дома, кај жолто сините.
