ЕДИНОЛОГИЈА

Односот кон тренинзите е првата станица кон успехот

Фотографиите се сопственост на basketball.mk и на нашите соработници. Истите не смеe да се користат без дозвола на медиумот.

ФОТО: buzzsneakerstation, sheezicknareezick

Во третата колумна, Дина се осврнува на односот на играчите во женската кошарка, кон тренингот. Големите тренери и кошаркарската наука, одамна констатирале дека играч се станува на тренинг, а на натпревар само се ужива во плодовите од напорното тренирање.

Ове е многу значајно прашање, на кое не му се посветува доволно внимание, особено кај нас, во нашата женска кошарка. Играч се станува на тренинг и тоа е факт! На тренинг се учи борба за позиција, на тренинг се учи водење топка, на тренинг се подготвува тактика, на тренинг се стекнува концидија.

Тој што не тренира, не може да очекува да биде добар играч, во ниту еден спорт, особено не во кошарката! Точка!

Фотографиите се сопственост на basketball.mk и не смее да се користат без дозвола на медиумот.

Односот кон тренингот кај нас, зависи од играч до играч, од кошаркарка до кошаркарка. Тие што биле, односно играле во странска лига, знаат како треба еден професионалец да се однесува кон тренингот и кон насоките и советите што ги дава тренерот.

Професионалците ја сфаќаат кошарката како работа, како извор на основна егзистенција во животот и затоа тие и се максимално посветени на кошарката. За да земеш или добиеш нешто, прво нешто треба да дадеш. Така е во секој сегмент од животот - прво треба да се жртвуваш, за потоа да уживаш.

Фотографиите се сопственост на basketball.mk и не смее да се користат без дозвола на медиумот.

Играчите во македонската кошарка, кои никогаш не биле „на страна“ да видат како се игра кошарка во некоја од странските лиги, ја сфаќаат кошарката како рекреација. Отсекогаш сум имала многу „проблеми“ со моите соиграчи, во сите тимови во кои сум играла досега.

Едноставно не доаѓале на тренинзи, не си го менаџирале добро времето, сите секогаш имале некаква друга работа и немале време за тренинг, студирале или слично. Истото сум го правела и јас, па сум наоѓала време да тренирам. Тренингот е базичната подготовка, тоа е основата на се!

Фотографиите се сопственост на basketball.mk и не смее да се користат без дозвола на медиумот.

Понекогаш, за односот на играчите се одговорни тренерите. Но, во крајна линија, секоја индивидуа си одговара сама за себе. Никој друг, никогаш, не може да биде одговорен за твоето лично однесување. Ако некоја средина не ти одговара, тогаш имаш можност да ја смениш, но секогаш ТИ решаваш како ТИ ќе се однесуваш.

Со оваа колумна не сакам никого да ставам во втор план, туку сакам да им предочам на сите кои сакаат да се занимаваат со кошарка, дека посветеноста на тренингот е БРОЈ 1 во скалилото кон успехот. Кој не тренира, нема да успее. Многу големи имиња, биле проценети како неталентирани, но со напорна работа на тренинзите, станале легенди!

Првиот македонски кошаркарски медиум ви ги пренесува последните новости и достигнувања од кошарката.

Авторски, преземено со дозвола, непристрасно, објективно, проверено и навремено - е нашето мото.

Секое и минимално копирање или преземање на наша содржина, подлежи на законските регулативи и прописи.

Copyright © 2021 basketball.mk - Ние постоиме за вас!

To Top