ПОЧЕТНА ЕВРОПА Одмот на Омот, МВП на колото!

Одмот на Омот, МВП на колото!

сподели
фото: МЗТ Скопје/Петр Стојановски

Ако минатата сезона МЗТ Скопје немаше апсолутна ѕвезда во екипата, оваа изгледа дека таквата улога ќе ја има Нуни Омот.

Кениецот и дојде како играч со најдобро педигре, кошаркар кој за малку не заигра во НБА лигата, а својот огромен квалитет го покажа уште на стартот.

Крилниот играч е МВП на првото коло во АБА 2 лигата. За речиси 28 минути на теренот постигна 33 поени со само едно промашување од игра. На неговите 6/6 тројки можат да му позавидат и најдобрите шутери во европската кошарка.

Неговиот индекс 37 е убедливо највисок во ова коло. Зад него останаа Блаж Маховиќ од Хелиос и Никола Павичевиќ од Сутјеска.