ПОЧЕТНА СВЕТ Очајно им требаше победа, за плеј-оф надеж

Очајно им требаше победа, за плеј-оф надеж

сподели
Blazers

МекКолум постигна 33 поени, Дејмијан Лилард се надоврза со 29 и со 9 асистенции, во триумфот на Портланд со 140:135 против екипата на Мемфис, по дополнителните минути.

Овие двајца постигнаа 11 од вкупно 16 поени за Блејзерс во продолжението, кои со оваа победа си ги зголемија шансите за седмо последователно учество во доигрувањето.

Кармело Ентони додаде 21 поен, Портланд се зацврстува на 8-та позиција на Западот која последна води во елиминациите. Џарен Џексон имаше 33 поени, а Морант 22 за поразените.