Баскет Кам го совлада актуелниот носител на двете круни, екипата на Вардар со 68:81 за потврда на првата позиција во источната група, со максимален скор од 10 победи.
Ова беше и втора победа за составот од Македонска Каменица, против црвено-црните, во рамките на актуелната сезона.
Ивана Кметовска постигна 21 поен за победникот, за кој дебитира капитенот на нашата репрезентација, Анџелика Митрашиновиќ со 18 поени.
