РЕГИОН

Новица Величковиќ го поддржа регионалниот проект за соработка меѓу младите

foto: Cedevita, Маrin Susic, aba-liga.com

Капитенот на КК Партизан од Белград, беше учесник на интересниот регионален проект за соработка на младите, кој беше организиран за средношколците од Србија, БиХ, Албанија и Македонија.

Целта на овој проект беше да се подобри знаењето кај учесниците за интеркултурата, предрасудите и стереотипите, но и да се зајакне идејата за спортот кој ги поврзува луѓето, со чија помош се премостуваат бариерите кои постојат во регионот и на тој начин младите да станат лидери во изградбата на мирот. Новица Величковиќ го пренесе неговото долгогодишно искуство од играњето во регионалната АБА лига, која значително придонесе за поврзување на земјите од регионот кои беа дел од поранешната држава, Југославија.

„Спортот на нашите простори, секогаш бил некакво огледало на општествените состојби. Од спортот најчесто се раѓаат пријателства, а јас верувам дека човек во животот е многу сличен со она што го покажува на теренот. Горд сум што можам да кажам дека сум стекнал пријатели од сите земји каде се игра кошарка.

foto: Partizan NIS, aba-liga.com

Спортот ми донесе и некои прекрасни искуства и другарства со луѓе кои не се оттука, кои не зборуваат на нашиот јазик, дури и луѓе кои имаат поинаква боја на кожата и кои се припадници на други вери. Тоа е моќта на спортот и тоа е една од важните улоги кои ги има спортот во секое општество. Тоа е главната порака која сакам да им ја пренесам на средношколците од регионот.“

Низ проектот кој траеше неколку месеци, беа организирани пет работилници, а комплетната програма беше реализирана on-line. Беа одржани и неколку интересни предавања на еминентни професори за спортот како алатка на мирот на просторите на Западен Балкан. Учесниците имаа можност да го гледаат документарниот филм „250 скалила“ кој е посветен на југословенската јуниорска кошаркарска репрезентација која 1987-та го освои светското злато во Бормио, Италија, филм во кој се илустрирани големото другарство и соработката кои ја следеа една од најталентираните генерации во историјата на кошарката.

Носител на проектот беше Средношколскиот образовен центар Смартанац, а проектот беше поддржан од страна на Регионалната канцеларија за соработка меѓу младите, која досега има поддржано преку 100 програми на размена во кои учествуваа преку 5.000 млади од Западен Балкан.

  

Првиот македонски кошаркарски медиум ви ги пренесува последните новости и достигнувања од кошарката.

Авторски, преземено со дозвола, непристрасно, објективно, проверено и навремено - е нашето мото.

Секое и минимално копирање или преземање на наша содржина, подлежи на законските регулативи и прописи.

Copyright © 2021 basketball.mk - Ние постоиме за вас!

To Top