ПОЧЕТНА ЕВРОПА Новата ѕвезда на Реал не престанува да руши рекорди

Новата ѕвезда на Реал не престанува да руши рекорди

сподели
фото: аs.com

Доминацијата на шпанскиот првак во домашниот шампионат му овозможува на Пабло Ласо да експериментира и да им дава минутажа на помладите играчи.

Тоа најдобро го користи 17-годишниот Усман Гаруба кој сезонава е ново откритие на Реал. Против Обрадоиро, тинејџерот стана прв кошаркар, помлад од 18 години кој успеал на еден натпревар во шпанското првенство да оствари најмалку 13 скока.

Со тоа го собори сопствениот рекорд што го постави во едно од претходните четири кола од АЦБ лигата.