Тренерот на регионалниот првак е познат по „краткиот фитиљ“ кога станува збор за кошарката и нетолеранција кон „ненавремени нешта“. Последна жртва му беше претставникот на Арена Спорт ТВ, кој беше задолжен за изјавите по завршувањето на мечот:
„Прво, да ви се извинам што ве чекав да ви дадам интервју, но најдовме простор и тоа да го решиме.“ – изјави Дејан Радоњиќ, пред да почне со анализата на натпреварот.
Поважно беше дека чекал да даде изјава, од резултатот во вечното дерби, во кое Црвена звезда го победи Партизан со 73:64. Можеби требаше новинарот да се клонира и едниот примерок да оди кај Црногорецот, за тој да не чека дури неколку минути.
