ПОЧЕТНА ПРВЕНСТВА (ФОТО) Нокаут во Донгуан!!!

(ФОТО) Нокаут во Донгуан!!!

сподели
Стручниот штаб на Аргентина (FIBA)

Кошаркарската репрезентација на Србија потфрли на СП во Кина. Она што го почна Шпанија, го заврши Аргентина. Ниту дефанзивата, ниту офанзивата не беа на нивото.

Еве како српските колеги ги оценија играта и индивидуалниот учинок на репрезентативците на Србија:

Симоновиќ – без минути во 1 полувреме, во второто не успеа да ја стегне одбраната.

Богдановиќ – добра партија со 21 поен за 30 минути, но во завршницат анедостасуваше незаборавен кош.

Богдан Богдановиќ (FIBA)

Бјелица – бледа партија, на еден од носителите на играта. Грашки и во нападот и во одбраната, 18 поени од 17 шута.

Лучиќ – борбен, пожртвуван, но не можеше со растрчаните Аргентинци кои му бегаа по периметарот.

Немања Бјелица (FIBA)

Радуљица – 3 миунти на теренот, два промашени шута.

Бирчевиќ – не играше.

Марко Гудуриќ (FIBA)

Јокиќ – конечно играше на 5-ка, имаше дабл-дабл но загуби 5 топки, немаше сила за престврт.

Милутинов – минимална минутажа, два фаула и веќе не заигра.

Владимир Лучиќ (FIBA)

Мициќ – и покрај смртта на неговата мајка реши да игра, за него не треба ни да се коментира.

Гудуриќ – една од најслабите алки, губеше топки со комплицирани акции, слаб во одбраната.

Стефан Јовиќ (FIBA)

Јовиќ – не успеа да се носи со аргентинските плејмејкери, Кампацо му даде 18 поени со 12 асистенции и 6 скока.

Марјановиќ – направи три чични за три минути на паркетот.

(преземено од Б92)