3x3

Ни требаат повеќе вакви турнири, да покажеме што знаеме

Екипата на Casa Bar триумфира на финалниот турнир во 3х3, со кој беше спуштена завесата на Летната лига 2021. Петар Прентовиќ беше дел од победничкиот состав, а во интервјуто за првиот македонски кошаркарски медиум basketball.mk не ги крие воодушевувањето од резултатот, но и од организацијата на турнирот.

„Одлично се чувствуваме по напорниот завршен FIBA 3×3 летен турнир, затоа што впечатоците се уште се високи. Организацијата на турнирот беше на многу високо ниво, од спонзори, до опрема и до локацијата која беше многу иновативна и го привлече вниманието на сите 3×3 организации во светот, а воедно и доби многу позитивни оценки.

Хангар на аеродромот Стенковец, во Скопје.

Временските услови беа малку тешки, особено за играчите кои повеќе шутираат, но организаторите се потрудија да ги минимизираат негативните ефекти. Дефинитивно вредеше целото искуство и се надевам дека ќе има повеќе вакви турнири во иднина. 3×3 баскетот е во голем подем, како во светот, така и во Македонија. Се организираат се повеќе турнири и се привлекува подобра конкуренција, особено со ваквиот однос на организацијата и на играците.

Casa Bar 3×3

Нашата екипа Casa Bar 3×3 функционира веќе 3 години, досега покажува дека е еден успешен проект кој ќе оперира уште долго на баскет терените. Нашата цел е освојување на се повеќе домашни турнири и појавување на интернационалната сцена, каде сакаме да покажеме дека и во Македонија 3×3 баскетот станува многу сериозен и дека треба да се вложува во него.

Момент од финалето меѓу Casa Bar и Kino Vlae

Екипата Kino Vlae 3×3, нашиот противбик во финалето е многу сериозна екипа, која долго време игра заедно и веќе има искуство на интернационалната сцена. Тие се наш голем конкурент кој ни овозможува да напредуваме секојдневно.“

НАПОМЕНА: Фотографиите се сопственост на 3×3 Macedonia и не смее да се користат без нивна дозвола.

ФОТО: Александар Ристовски

  

Првиот македонски кошаркарски медиум ви ги пренесува последните новости и достигнувања од кошарката.

Авторски, преземено со дозвола, непристрасно, објективно, проверено и навремено - е нашето мото.

Секое и минимално копирање или преземање на наша содржина, подлежи на законските регулативи и прописи.

Copyright © 2021 basketball.mk - Ние постоиме за вас!

To Top